| |
ЗА НАС: КОИ СМЕ НИЕ, КОИ СЕ НАШИТЕ ЦЕЛИ |
|
Д.О.О.Е.Л.
"ЕЛИТЕ", Куманово е ексклузивен застапник на PROFESSIONAILS,
реномирана белгиска куќа која се занимава со производство на
комплетен прибор и материјал за нега и украсување на природни
и вештачки нокти.
Техниката на работа која ја применува PROFESSIONAILS е потполно
различна од другите техники на пазарот. Техниката и квалитетот
на производите не можат да се одвојат. Тоа е една од тајните
на успехот на PROFESSIONAILS.
Главната цел е да осигураме професионално образование кое неможе
да се спореди со ниту една друга обука во нашето работно поле.
Со цел да го одржиме високиот стандард, ние постојано го следиме
развојто на најновата технологија и производи.
Со оваа презентација сакаме да Ве доближиме до што е можно повеќе
информации за она што ние најдобро го работиме - НЕГА НА НОКТИ,
РАЦЕ И НОЗЕ.
Во нашата работна политика и филозофија јасно и цврсто стои
мисија: извршување услуги. Покрај тоа што имаме широк спектар
од производи вршиме и обука за маникир и надгарадба на нокти.
Можност за уживање во вистински третман на нокти е нешто што
секоја жена го заслужува. Маникирот конечно стана унапреден.
Денеска ноктите можат да станат појаки и да бидат продлжени.
Ние нудиме решение за секој ваш проблем. Нашите искусни стилисти
секогаш ќе го имаат вистинското решение за секој Ваш специфичен
проблем.
Нема да ве убедуваме дека Ви нудиме експертска нега на стапала.
Тоа што навистина моежеме да ви го понудиме е секојденевна специфична
нега на стапала и нега на чесите проблеми кои се појавуваат
одново. Стапалата треба да изгледаат убаво, а Вие да се гордеете
со нив.
Посетувајте го редовно нашиот сајт. Тука секогаш ќе ги пронајдете
нашите најнови достигнувања и ќе ги видите нашите најнови производи.
Ако сте заинтересирани за нашите продукти или сакате да добиете
врвен третман, може да не контактирате на три начина: преку
електронска пошта, телефонски или да дојдете лично. Сите корисници
на нашите услуги можат да закажат третмани од понеделник до
петок (10h-20h) и во сабота (10h-17h)
|
|
|